Sunday, November 25, 2007

WEB QUEST_Слаѓана и Фроси


1. ВОВЕД:
АВТЕНТИЧЕН ПРОБЛЕМ:
Ве молам, да ми помогнете. Имено, вчера еден мој пријател побара помош од мене. Во нашиот град се отвора една нова фабрика за изработка на играчки кои би биле во форма на разни геометриски тела. Мојот пријател не знае какви геометриски тела постојат и како да пресмета колку материјал би му бил потребен да ги изработи односно колку течност би му требало да ги исполни. Исто така нему му е потребна помош и при дизајн на играчките. Јас немам време да му помогнам. Затоа, ми е неопходна Вашата помош.

2. ЗАДАЧА:
- Учениците да се прикачат на Интернет и да побараат слики и се друго што им е потребно за да му помогнат на пријателот на наставникот. Пронајдените информации треба да ги сместат во Word документ. Наставникот ги дели учениците на неколку групи.
- Секој ученик ќе треба да дизајнира играчка од сликите кои ги има симнато од Интернет и да ја пресмета вкупната површина и волумен на својата изработка со помош на конкретни податоци кои ученикот сам си ги дава.

3. РЕСУРСИ:
Наставникот ја посочува адресата на неговиот блог на кој учениците можат да пронајдат неколку корисни адреси на веб страни кои и самиот наставник ги има користено при своите предавања за геометриски тела. (mailto:zordumis-ns@blogspot.com)
http://www.zvrk.co.yu/Mskola/matematika/tela/index.htm
http://www.mathleague.com/help/geometry/3space.htm

4. ПРОЦЕС:

- Учениците да се прикачат на Интернет;
- Го отвораат блогот на наставникот и ги посетуваат посочените страници;
- Симнуваат слики, цртежи од разни геометриски тела
- Пронајдените податоци секој ученик ги снима во својот Word документ
- Ученикот дизајнира своја играчка и задава произволни вредности за нејзините основни димензии (може да проба и со неколку различни вредности, односно да пресмета колку материјал е потребно за поголема или пак за помала играчка)
- Ученикот пресметува површина (материјал за изработка) и волумен на секоја изработена играчка



5. ЗАКЛУЧОК:
- Дигитални играчки изработени од учениците


- Учениците му помогнале на пријателот на својот наставник